Jakov profile picture

Jakov

Jakov Drenkovski

About Me


Myspace Layouts - Myspace Editor - Image Hosting

Роден сум некаде кон крајот на 1953 година, значи имам 53 години. Со музика почнав да се занимавам на 15 години. Мојата прва група се викаше "ВИС Лидии" (ВИС значи "Вокално Инструментален Состав". Во тоа време така се именуваа бендовите). Покрај мене во групата, каде јас бев вокалист членуваа Данаил Дарковски-Дарко кој свиреше ритам гитара, потоа Љубомир Грбевски-Џери на тапани, Ванчо Пауновски-Оса на соло-гитара и Драган Теланчевски-Тетек на бас-гитара. Дури подоцна Дарко се пребаци на бас-гитара, а јас на ритам гитара. Со сите нив и до ден денес останав голем пријатен, но само со Џери и со Дарко продолжив да соработувам и на моите албуми. Дарко пишуваше некои песни, но најмногу беше ангажиран околу аранжманите, а понекогаш ги снимаше и бас-линиите и клавијатурите. Џери пак кој на почетокот свиреше тапани и ги пишуваше текстовите, но откако реши да ги шитне тапаните се посвети само кон пишување на тексотвите за моите песни. Речиси сите текстови на моите албуми се од него. "ВИС Лидии" не беше мојата единствена група. Некаде на почетокот на седумдесетите години од минатиот век, ја оформивме групата "Исток", каде повторно беа Џери и Дарко, но тука пееше и Зорица Попанкова, а во клупчето на Џери, во подрумот на мајка му и татко му на улица "Пролет" (каде и ден денес има остатоци кои потсеќаат на тој период), се врткаа и свиреја многу други луѓе. Еден од нив беше и гитаристот Мељо, кој многу од дамна замина во Франција и батали свирење гитара. Тој беше еден од најнадарените гитарист на тоа време. Некаде на почетокот на 1980-тите, ја оформив "Група Јаков", во која нормално јас бев фронтмен, а со мене повторно беше Дарко кој свиреше на бас-гитара. Покрај него во групата, беше и клавијатуристот Гоце Спасовски и тапанарот Бошко Доневски-Чико. Во 1996-97 година, имав еден проект-бенд кој се викаше "Макараб", каде свирев со двајца арапски музичари кои во тоа време живееја во Македонија. Кон крајот на седумдесетите и почетокот на осумдесетите години од минатиот век со Дарко и со Џери, направивем еден голем проект, Рок Опера, која се викаше "Житието на сликарот". Тоа беше по фазон на тогашните рок-опери од светската сцена. "Житието на сликарот" имаше четири чина и повеќе од дваесе песни. Односно тоа се песните кои подоцна малку ги преработивем и ги прилагодивме за моите албуми. Музиката за "Житието на сликарот" ја напишавме јас и Дарко, додека пак либрето Џери. Како режисер на рок-операта беше ангажиран Владимир Милчин. Проби почаа да се прават во "Домот на младите 25 мај", кој денеска се вика МКЦ. Тоа беше грандиозен проект, каде учестуваа голем број пејачи и музичари кои денес имаат култен статус на македонскта рок-сцена. Идејата беше во живо да се пеејат песните, а главниот лик, Сликарот, го играв јас. За жал од одредени причини рок-операта никогаш не ја доживеја своајта премиера, но остана запаметена меѓу македонските музички кругови, како еден од најабициозните проекти во тоа време. Една од првите адудио снимки е песната "Скитник", која е снимана во 1978 година во студиото на МРТ во Нерези, каде продуцент е Славе Димитров, а тон-мјастор Атанас Панајотов. Некаде во 1978 или можда беше 1979 година победив на фестивалот "Маглај" во Босна и Херцеговина. Во 1982 година, настапував на фестивалот во Опатија, на рок-вечерта, каде се претставив со песната "C'est la vie". По ова заедно со Џери и со Дарко, почнавме да размислуваме за снимање на албум, што во тоа време беше речиси невозможно да се влезе во студијата на МРТВ. Првиот албум насловен C'est la vie, е објавен во 1990 година, на винилска плоча и на аудио касета, а ја издава МРТ. Тука се наоѓаат песните, "Скитник", (која е преснимена), потоа "C'est la vie", "Темен Ерос", "Девица и пеперутка" и др. Албумот е сниман во студиото "Аудиолаб" на Тоше Поп-Симонов, а продуцент на албумот е Данали Дарковски. На овој албум, учествуваат и музичарите, Данаил Дарковски на калвијатури и бас-гитара, потоа Тоше Поп-Симонов кој ги свири електричните гитари, Дамир Имери на хармоника, Димитар Димовски програмирање и Тања Станковиќ, придружни вокали. Вториот албум излегува наредната година, односно во 1991. Насловен е "ЕААААА", што е кратенка од Европа, Америка, Африка, Азија, Австралија, Антартик, односнио сите континенти. Од тука излегува и песната "Midnight cowboy", која беше актуелен хит во текот на целата година, но и повеќе. Беше искористена и како највана и одјавна шпица на ноќната емисија на првото приватно радио "Канал 4". Покрај оваа песна, на "ЕААААА" се и песните "Тетовирани срца", "Порочна си оди си!" "Дали ти се прецени" и др. Овој албум е сниман во кон крајот на 1991 година во студиото "Аура", на Кокан Димушевски, кој е и продуцент и тон-мјастор на албумот. Тања Станковиќ повторно ги пее придружните вокали, а електричните гитари и солата се на Влатко Стефановски. Албумот беше промовиран во скопскиот клуб Hard Rock, каде присуствуваа повеќе од 400 луѓе, а прмотор беше Оливер Белопета. Во 1993 година, албумот "ЕААААА" е номиниран во пет категории за наградата 12 величествени, од кој добива две. Јас ја добив наградата за најдобар комозитор, додека пак Љубомир Грбевски-Џери кој ги пишуваше текствоите, ја добива статуетката за најдобар текстописец на годината. Во 1995 годнина настапував на штипскиот Макфест, со песната "Сеќавање на првата љубов", за која текстот го напиша Зоран Катру. На тој Макфест го освоив третото место според гласовите од публиката. Новото компилациско издание насловено "The Best of Jakov", кое официјлано беше промовирано на 7 ноември во скопскиот кафе-баф "Мартини" на 7 ноември 2007 година, содржи 13 нумери по шест од двата, и една бонус, "Скитник" снимена во 1978 година. На сите песни Кокан Димушевски направи постпродукција. Во повеќе наврати имам настапувано во Франција, а најчест гостин бев на биеналето на француска шансона и поезија во градот Pas-de-Calais, потоа во неколку етно-фестивали но и неколку соло-концерти во Париз. Многу француски медиуми пишуваа за моите настапи. Еве еден линк http://esteurop.free.fr/artic03/drenko03.html Покрај концертите во Франција, имам настапувано и во Шпанија, Казахстан, а од поранешните југословенски републики речиси и нема каде не сум настапувал.Интересни работи за Јаков: - Секоја година на Божик, се капам во реката Треска. На ова трдиционално капење секогаш писуствуваат и голем број мои пријатели но и колеги од естрадата. Потоа сите пиеме греана ракија и греано вино. - Се занимавам и со пчеларство и тоа повеќе од 20 години. Имам добиено и награди за својот мед. Тајната за квалитетот на мојот мед е тоа што постојано на пчелите им свирам со гитара.

My Interests

Music:

Member Since: 11/5/2007
Band Members:
Record Label: Do Re Mi
Type of Label: None

My Blog

EAAAAA (Lyric)

Midnight cowboy 5G8AB ?5@>= 02B>1CA:0 AB0=8F0;CS5 1@700B 157 =0A<52:83>@48 65=8 - AB@>38 ?0@D5<8157 >B?>@ 38 ?@8<0 3>;5<8>B 3@04 06=0 A83C@=>AB >4 425-B@8 ?820A2560 :@2 =0 3@04A:8...
Posted by Jakov on Wed, 14 Nov 2007 06:29:00 PST

Singles (Lyric)

!;8:0@;04 A;8:0@ 2> 4840 2848 <0XAB>@8 AB0@8?5XA068, 30;5@8X0 F5;040 2848 ?;0B=0 GC45A=8 45;0  !5:>X ?5XA06 2>71C40 54=0=5HB> =>2> 2> A;8:0 A;54=0G5:>@8 B>X A> G5:>@8 102=8A@54 ?@...
Posted by Jakov on Thu, 15 Nov 2007 03:36:00 PST

Cest la vie (Lyric)

!:8B=8:> A0:0< 45=>B HB> A8 >48 X0 A0:0< =>\B0 X0ACB@0B0 HB> A5 <8=0B8 8 =>\8B5 2> A>=3> A0:0< >=0 HB> 3> =5<0< A530 X0AA0:0< Aè 0B5:8B5 ?> :>8 >40< 25\5 =5 38 7=0<75X0 A?8X0< <...
Posted by Jakov on Tue, 13 Nov 2007 05:49:00 PST